Германските здравствени власти ги укинаа одлуките за забрана за влез на гледачи на фудбалските натпревари, но сепак нивниот број ќе биде ограничен. Поголемиот дел од Германците се противат на најновите мерки.
Од утре се враќаат гледачите на фудбалските натпревари во Германија, а секој регион одделно го пропиша максималниот број на посетители кои може да се најдат на трибините.
На пример во Баварија, настапите на Баерн може да ги следат максимум 10.000 гледачи, а во останатите делови од земјата бројката е за пет илјади повеќе.
Според последната анкета 57 проценти од испитаниците се против новите мерки и сметаат дека се уште на сила треба да биде забраната за влез на гледачи на натпреварите додека 29 отсто бараат поголема бројка на посетители или целосно враќање на навивачите на трибините.
ФОТО: Игор Паневски