Македонија Топ вести

Законските измени за бришење на пржинската влада чекаат превод и партиски консензус

Собранискиот спикер Талат Џафери не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, денешниот дневен ред да биде дополнет со  измените на законот за влада со кои се предлага бришење на одредбите кои предвидуваат 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори да се избере нова, преодна Влада. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски побара да се  почитува договорот од последната лидерска средба меѓу Заев и Мицкоски кои се согласија да се укине техничката влада.

Законот во моментов се преведува и кога ќе биде готов ќе се дистрибуира до пратениците. Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува консензус од сите партии.

За укинување на техничката Влада се залагаат и од владејачкото мнозинство но сметаат дека за ова прашање се потребни потписи од четирите политички партии па потоа заедно да го достават предлогот до Собранието.Техничката влада беше воведена во 2016 година и произлезе од Пржинскиот договор поради нефункционирањето на институциите и политичката криза во државата.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеполасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе