Вести Свет

Снегот ја парализира Атина, денеска прогласен неработен ден

Заглавени возачи со часови на улици и булевари, полесно повредени патници на воз, паднати дрва, прекини во снабдувањето со електрична енергија, остави зад себе невремето „Елпида“, снежната бура што од вчера наутро ја зафати областа Атика поширокиот дел на Атина, а денеска, со одлука на грчката Влада е неработен ден за јавниот и приватниот сектор.

Особено тешка беше ситуацијата на автопатот што ги поврзува атинските предградија, каде што стотици автомобили над 12 часа останаа заглавени и синоќа беше активирана војската која во текот на целата ноќ интервенираше за да им помогнат на возачите, а операцијата продолжи и утрово.

Непознат е точниот број на возила заглавени, веројатно се над 1.000, а некои и 20 часа подоцна, сè уште не се отстранети.

Дел од возачите во обид да стигнат на друг начин до нивните домови ги напуштиле возилата, дел биле пренесени во локални хотели за да ја поминат ноќта.

Конкретниот автопат е во сопственост на приватна компанија и министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилијанидис рече дека целата одговорност за хаосот на автопатите ја носи компанијата.

Слични проблеми имаше и на булевари во Атина, со заглавени возила.

Поради снегот, воз што сообраќаше од Атина кон Солун, запре во близина на градот Ливадија, а во обид да биде извлечен, дошло до мал судир со влечната машина поради лизгавите шини, при што најмалку девет лица се здобиле со полесни повреди.

Противпожарната служба на Грција за 24 часа добила 964 повици за помош во поширокиот регион на Атина.

Во седум региони од Грција меѓу кои и Атика, поширокиот регион на Атина, денесшниот ден е прогласен за неработен, ќе останат затворени јавниот и приватниот сектор, а повторно има силна препорака до граѓаните да избегнуваат непотребни движења.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе