Вести Економија

За два денари по литар се зголемуваат цените на бензините

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 % во однос на Одлуката од 17.1.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар.

 

 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,386 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,213 ден/кг.

Од 25.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,213 (денари/килограм)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе