Вести Македонија

Владината делегација предводена од Ковачевски пристигна во Софија пред утрешната заедничка седница со бугарската влада

Со највисоки државни почести на плоштадот „Александар Невски” во Софија денеска беше пречекан македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Неговата посета на Бугарија доаѓа на само една недела по посетата на неговиот бугарски колега, Кирил Петков, на Македонија, кога двете влади се договорија да ги формираат петте работни групи кои треба да ги приближат двете земји и да ја зголемат соработката, со цел да се деблокира евроинтегративниот пат на земјава.

Во заедничкото соопштение на двете министерства за надворешни работи се наведува дека Османи и Генчовска разговарале за доставените одговори од страна на Македонија до Бугарија во декември на бугарските 5+1 барање, но без детали каков е одоговорот на бугарската страна на нив. Неофицијално, како што дознава Телма, првата средба била повеќе искористена за утврдување на идниот начин и темпо на работа на двете министерства по овие прашања. Османи и Генчовска во разговорите за актуeлната состојба на политичкиот дијалог и билатерланите односи, го отвориле и прашањето на имплементацијата на Договорот за добрососедство.

Средбата на двајцата шефови на дипломатии денеска беше и еден вид увертира на утрешната меѓувладина седница, а на на која и официјално ќе стартуваат со работа работните групи меѓу двете земји – за економија и трговија, инфраструктура и транспорт, култура, наука и образование, евроинтеграции и зелени политки, а кои минатата недела беа договорени да се формираат меѓу Ковачевски и Петков во Скопје.

Македонската страна денеска допатува со еден член помалку, поточно во делегацијата го нема копретседавачот од македонска страна на работната група за евроинтеграции, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не допатува во Софиија поради позитивен тест на коронавирус.

Инаку премиерот Ковачевски утре во претседателската вила „Бојана”, каде што се ќе се одржи заедничката владина седница и работните групи, ќе се сретне и со бугарскиот претседател Румен Радев.

Инаку Ковачевски денеска како дел од официјалниот пречек во Софиија положи цвеќе на споменикот на „Гробот на незнајниот војник“, како и на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, а заедно со својот домаќин Петков го посети и ректоратот на софискиот универзитет.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе