Организаторите на Зимските игри во Пекинг заедно со Интернационалниот олимписки комитет направија нови измени во КОВИД протоколите.
Главната измена се однесува на намалување на периодот на изолација за инфицираните корона вирусот и наместо досегашните 14, позитивните во карантин ќе останат седум дена.
До овој момент во кинеската престолнина пристигнале 529 спортисти, членови на делегациите и официјални лица, а при влезот во Олимпиското село детектирани се нови шест случаи на инфекција. Четири од нив се од лица кои допатувале во Кина, а двајца се дел од домашниот помошен персонал.