Голем пожар изби попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“. Во моментов го гаснат две пожарникарски возила и седум пожарникари. Засега нема информации за причината за пожарот. Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека се уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.
Екипата на Телма е на терен. Првичните информации се дека пожарот е многу силен, а веќе е зафатена и кровната конструкција. Полицијата го обезбедува местото и им укажува на луѓето кои сведочат да се тргнат на безбедна далечина.
-На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола. Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица. Полициските службеници во координација со територијалната противпожарна единица Битола интензивно преземаат мерки за гасење на пожарот, соопштија од МВР.
Фабриката е во приватна сопственост и работи како млин и произведува бели печива.
Следува повеќе..