Вести Македонија Топ вести

20 луѓе ја загубија битката со ковид, повеќе од 1.400 нови позитивни

20 луѓе ја загубиле битката со ковидот. 15 од нив се во изминатото деноноќие, на возраст од 43 до 90 години. Од Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица,  на возраст од 63г до 80г. Пријавените се починати во период од 4.01.2022 до 20.01.2022г. Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани.

Регистрирани се нови 1424 случаи од направени  5.604 тестови.

Скопје – 790, Битола – 92, Куманово – 57, Струмица – 48, Кавадарци – 45, Штип – 43, Прилеп – 37, Охрид – 36, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Гостивар – 31, Кичево – 27, Велес – 24, Ресен – 20, Неготино – 18, Кочани и Свети Николе – по 13, Крива Паланка – 10, Струга – 8, Виница – 7, Радовиш, Пробиштип, Богданци и Македонски Брод – по 5, Делчево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кратово и Демир Капија – по 2, Дебар, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.424), регистрирани се 214 реинфекции.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица починаа, над 300 побарале помош – топлотен бран во Франција

Дејан Дејан

Кремљ: Колку помалку оружје за Украина, толку поблиску е крајот на војната

Дејан Дејан

Кошта: И ЕУ, покрај кандидатите за членство, мора да се реформира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе