Трите најнови студии објавени од Американскиот Центар за превенција на заразни болести укажуваат на фактот дека вакцините се сепак ефикасни и против омикрон варијантата, но најмногу кај оние кои ја примиле и третата доза. Првата студија ги разгледува хоспитализациите и посетите на Ургентните центри во 10 држави во светот, од месец август до овој месец. Утврдено е дека ефективноста на вакцината била најдобра по третата дози од вакцините Фајзер и Модерна. Иако заштитата од овие вакцини опадна значително за време на бранот со сојотомикрон, истражувањата велат дека третата доза повторно ја крева ефективноста на вакцината на високи 94%.
Ефективноста на вакцините за да не повикате Итна помош за оние кои ја примиле примарната доза била 76% шест месеци по примањето на втората доза. Како што можете да видите, по третата доза, ефективноста на вакцината се зголемила до 94%, дури е и повисока отколку што била во првите шест месеци од вакцинацијата. И за варијантата Делта и за Омикрон, имаше пад на ефективноста на вакцината против хоспитализација со текот на времето. Но, по третата доза вакцина, ефективноста против хоспитализација со Омикрон се зголемува на 90%, речиси одговарајќи на ефективноста против варијантата Делта, па дури и повисока од ефективноста на вакцината по првите две дози на вакцината МРНа. Севкупно, за оние кои примиле бустер доза, имаа најголема заштита од посети во итната медицинска помош, посети на клиники за итна нега и хоспитализација, објасни д-р Рошел Валенски, Директор на ЦДЦ САД