Вести Македонија Топ вести

ВМРО ДПМНЕ ќе бара бришење на 9 точки од Закон за влада, СДСМ против

Бришење на околу 9 точки од Законот за влада што се однесуваат на техничката влада пред избори ќе побараат во понеделник од ВМРО ДПМНЕ, кои упорно инсистираат на предвремено изборно соочување.  Од партијата не прецизираат за кои точки поточно се работи, но потврдуваат дека се бара укинување на техничката влада договорена во Пржино и враќање на стариот изборен модел. Со тоа практично се откажуваат од министерските места кои им следуваат три месеци пред избори.

Од оваа партија остануваат на ставот дека за нив е прифатлив и предлогот на помалите партии за  една изборна единица и отворени листи.

СДСМ се согласуваат за една изборна единица, меѓутоа сега се со променет став за измени на Законот за влада од пред две години, кога екс премиерот Заев и самиот велеше дека Пржинската влада не треба да постои. Категорично се против ваквите измени и против предвремени избори.

Моделот на Пржинска влада беше воведен за изборите во 2016 година и со него најголемата опозициска партија на 100 дена пред избори добива функции во извршната власт, меѓу кои и две министерски во министерствата за внатрешни работи и труд и социјала, како и три места на дополнителни-заменици министри.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе