Вести Свет

Србија и Словенија со над 10.000 заразени – ковидот во регионот се шири со „брзина на светлината“

Ковид заразата не стивнува во регионот. Србија пријави над 13.000 заразени во последното деноноќе, што е речиси половина од тестираните. Во Босна и Херцеговина има повеќе од две и пол илјади заразени, што е исто така скоро половина од тестираните. Над 10.000 заразени има во Хрватска, а поради компликации од вирусот таму починаа 36 луѓе. Во Словенија во последното деноноќие се потврдени речиси 10.000 нови заразени со ковид, што е 70 насто од тестираните. Тамошната влада ја скрати самоизолацијата на заразените без симптоми, за да овозможи нормално работење на здравството, школството и стопанството. Со новата одлука на словенечката влада, изолацијата на заразените е скратена на седум дена, но на седмиот ден мораат да имаат негативен брз тест, и под услов да немаат никакви симптоми еден ден пред завршување на излоацијата. Оваа одлука, почнува да важи од понеделник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе