Вести Свет

НАТО го одбива барањето на Русија да ги повлече војниците од Бугарија и Романија

Работа на НАТО е каде и во каква конфигурација ќе го поставиме нашето воено присуство во земјите членки. Ова не е проблем на Руската Федерација. Идејата дека можете да се заканите на независна и суверена држава е анахрона и е враќање  во минатото, изјави заменик генералиот секретар Мирчеа Џоана и со тоа го отфрли барањето на Москва, НАТО алијансата да ги повлече своите војници од Романија и Бугарија, кои се членки од 2007-ма година.

Бугарија, заедно со Романија и Турција претходно се понудија дека се подготвени да бидат домаќини на илјада НАТО војници кои би биле дел од борбената група на Алијансата во регионот на Црното Море. Но, барањата на Русија ги загрижи бугарските власти дека ако има ескалација на тензиите околу Украина, ќе се јави и ризик за испорака на гас. Премиерот Петков, сепак повикува Русија да ја смири ситуацијата и да се вклучи во малку поконструктивен дијалог, а не закани.

Бугарија е суверена држава и уште одамна ние го направивме својот избор, станувајќи членка на НАТО, и како таква ние самите си одлучуваме како ќе ја организираме одбраната во нашата земја во координација со нашите партнери. Според Договорот од Вашингтон, не постојат второкласни земји членки на НАТО на кои колективната одбрана се применува селективно или во ограничен обем, порача бугарскиот премиер Кирил Петков. 

Ниту по третата средба на шефовите на американската и руската дипломатија, која се случи вчера, нема сериозни поместувања околу смирувањето на состојбата во Украина. Прва на потег е Америка од која се очекува следната недела да одговори писмено за рускиот предлог да и даде гаранции за безбедноста. Разговорите треба да продолжат, но според аналитичарите, оваа драма меѓу САД и Русија – Украина е само мал изговор. Многу повеќе се работи за источна Европа и регионот на Црното Море.

Нема да се договорат за глобални прашања како членство на Украина во НАТО – ова не е ниту на маса од САД. Можат да се договорат за специфични работи, како да се ограничат ракетите со среден дострел, немаме такви на наша територија. Тоа повеќе ги засега некои држави во источна Европа и Русија. или на пример, правлата за активност на авионите или бродовите во Црно Море. Тие се работите за кои може да се договорат, смета ВОЛОДИМИР ФЕШЕНКО, ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР ОД УКРАИНА

По сосотанокот меѓу Блинкен и Лавров денеска следуваше нова испорака. Во Украина пристигна и првата пратка воена помош од Америка. Растоварени се 90 тони смртоносна безбедносна помош и муниција за  украинските бранители, во вредност од 200- те милиони долари. Аналитичарите предвидуваат дека војна меѓу двете големи сили нема да има, но можни се локални судири и локална ескалација која би била опасна и за цела Европа.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе