Со одигрувањето на натпреварите во Е и Ф групите познати се сите учесници во осминафиналето од Купот на Африкански нации што се одржува во Камерун.
Натпреварувањето заврши за бранителот на трофејот Алжир, кој во последниот дуел е поразен од Брегот на Слоновата коска со 3:1. Се уште актуелниот шампион во три натпревари освои само еден бод и постигна еден погодок и е најголемото разочарување на шампионатот.
На прагот на елиминација беше и еден од фаворитите Тунис, кој вечерва е поразен од Гамбија со 1:0, но успеа да влезе меѓу шеснаесетте најдобри како еден од четирите освојувачи на третите позиции кои го продолжуваат турнирот.
Во останатите Две средби Екваторијална Гвинеја славеше над Сиера Леоне со 1:0, а Мали забележа победа од 2:0 во дуелот против Мавританија.
КУП НА АФРИКА – ОСМИНАФИНАЛНИ ДВОЈКИ
23.01.2022
БУРКИНА ФАСО – ГАБОН
НИГЕРИЈА – ТУНИС
24.01.2022
ГВИНЕЈА – ГАМБИЈА
КАМЕРУН – КОМОРСКИ ОСТРОВИ
25.01.2022
СЕНЕГАЛ – ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ
МАРОКО – МАЛАВИ
26.01.2022
БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА – ЕГИПЕТ
МАЛИ – ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА
ФОТО: Игор Паневски