Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина најави дека се размислува за воведување на плеј оф во националното првенство преку кој ќе се решава за пласманот пред се во горниот дел од табелата.
Тој истакна дека предлогот ќе им го претстави на клубовите кои на крајот сами ќе решаваат за измена на системот на натпреварување. Најголем проблем е фактот дека во моментов во првенството секоја од екипите игра 38 натпревари и разигрувањето ќе претставува дополнително оптоварување на календарот.
ФОТО: Игор Паневски