Вести Ковид19 Свет

Омикрон со огромна брзина продолжува да се шири низ светот – СЗО предупреди дека пандемијата на коронавирус „не е ни приближно завршена“

Омикрон со огромна брзина продолжува да се шири низ светот, но во однос на бројот на смртни случаи од оваа варијанта не е забележан голем раст. Минатата недела биле пријавени повеќе од 18 милиони нови случаи, што доведе до продолжување на актуелните ковид мерки во многу европски држави.

Генералниот директор на Светската здравствена организација изрази загриженост за здравствените услуги и издаде предупредување до светските лидери дека пандемијата на коронавирус „не е ни приближно завршена“.

Тедрос предупреди дека „со неверојатниот раст на Омикрон на глобално ниво, најверојатно ќе се појават нови варијанти на коронавирусот. Шефот на СЗО изрази загриженост за оние кои сè уште не биле вакцинирани ширум светот и повика на поголема дистрибуција на вакцини.

Франција е една од најпогодените земји од варијантата Омикрон во Европа. Според официјалните податоци, бројот на случаи со Ковид-19 е зголемен за четири пати повеќе во однос на минатата недела. Инфекциите сега се искачија над неделен просек од над 300.000 нови случаи дневно.

Данска забележа рекордни 33.493 нови дневни случаи на Ковид, додека здравствените власти во Италија забележаа 228.179 нови инфекции. Во Германија беа пријавени рекордни 112.323 нови случаи, а стапката на инциденца на 100.000 луѓе исто така се искачи на ново високо ниво од 584 во текот на изминатата недела.

Чешката Република објави 28.469 новозаболени, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

Бугарија вчера пријави 11.181 нови случаи во еден ден, во кои најмногу доминира омикрон варијантата.

Од почетокот на пандемијата, животот го загубиле повеќе од пет и пол милиони луѓе ширум светот, а според бројот на починати на врвот на листата се Соединетите Американски Држави, Бразил, Индија и Русија.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе