Вести Македонија Топ вести

Хаџиу остана и без последната лиценца, „Беса Травел“ не смее да се бави со туристичка дејност

„Беса Травел“ подружницата на „Беса Транс“ за туристичка дејност и аранжмани остана без лиценца. Педесет дена по трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 патници, меѓу кои и петнаесетина деца, министерството за економија конечно ја одзеда Б лиценцата која ја поседуваше оваа агенција и со која можеше да организира тури и да продава аранжмани во државата но не и во.

Од Економија соопштија дека во понеделникот тим од пазарниот инспекторат по трет пат  бил во канцелариите на „Беса Транс“ каде е лоцрана и „Беса Травел“, спроти трговскиот центар „Мавровка“ но повторно наишле на затворени врати и не извршиле надзор.

Државниот пазарен инспекторат постапувајки по наше барање има доставено известување на 11 јануари година со кое информира дека Правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор по што како министер за економија донесов Решение за одземање на Лиценцата. Ги повикуваме сите граѓани кои ќе патуваат да проверат со кои туристички агенции патувааат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија, велат од Министерството за економија.

Со ова Хаџиу, неговите „Беса Травел“, „Беса Транс“ и „Беса Транс 2“ веќе немаат дозволи односно лиценци за превоз на патници, транспорт со возила и бавење со туристичка дејност.

Но Хаџиу е во Бугарија, а возилата на „Беса Транс“ се продаваат а како купувачи се јавуваат негови поранешни вработени. Три комбиња на кои се извадени ознаките веќе се приуватна сопственост и на црно без никаква дозвола превезуваат патници низ Скопје а за викенди до Попова Шапка.

Од Град Скопје не дадоа одговор дали нивните инспектори излегле на терен, ги затекнале комбињата и извршиле контрола ниту пак посочија кој во градската администрација е надлежен за контроли во сообраќајот и кога ќе го сторат тоа.

Од Обвинителството  соопштија дека кај нив се води предистрага за случајот со „Беса Транс“ во која се истражува работата на компанијата вработените но и на надлежните институции.

Огнен Чанчаревиќ 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе