Во последните 24 часа во Германија регистрирани се 45.690 случаи со Ковид-19.
Институтот Роберт Кох соопшти дека вкупниот број на случаи на Ковид-19 во земјава се зголеми на 7.581.381.
Од евидентираните, 11.695 од 45.690 се варијанти на Омикрон, додека пак вкупниот број случаи на варијантата Омикрон се зголеми на 101.159.
Бројот на активни случаи во Германија е 674.700.
Со 322 смртни случаи во последните 24 часа во земјава, вкупниот број на починати од вирусот се искачи на 114.351.
Бројот на лица кои примиле две дози вакцина против Ковид-19 достигна 59 милиони 100 илјади лица.