Петра Влхова славеше на слаломската трка што денеска се одржа на Сљеме во Загреб во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.
Скијачката од Словачка беше најдобра по двете возење при тешки услови и триумфираше со вкупно време од 1:56,99 минути. Зад неа финишираше најголемата ривалка Микаела Шифрин со 50 стотинки задоцнување, која се врати на Светскиот Куп откако паузаираше на последните две трки поради позитивен текст на ковид-19. Трета денеска беше Катарина Линсбергер од Австрија.
Влхова останува лидер во слалом со 480 бодови, пред Шифрин која има 340. Во генералниот пласман прва е Шифрин со 830 бодови, додека Влхова се проби на второто место со 715.