Третото натпреварување во ски-скокови во рамки на новогодинешната турнеја „Четири скокалници“, што требаше да се одржи денеска во Инсбрук е откажано.
Скоковите требаше да започнат во 13 часот, но по неколку одложувања поради силниот ветар, организаторите решија целосно да го откажат настанот. Тоа значи дека Бишофсхофен во следните два дена ќе биде домаќин на последните две натпреварувања. Утре и задутре во ист ден ќе бидат квалификациите и официјалниот натпревар.
На првите два натпревари на турнејата во Оберсдорф и Гармиш триумфираше Јапонецот, Рјоју Кобајаши. Денеска од „Четирите скокалници“ се повлече актуелниот бранител на трофејот Камил Штох поради лошите резултати и очајната форма во која се наоѓа, откако не освои ниту еден бод.