Останато Спорт

Шест месеци по Летните почнуваат Зимските игри

И новата 2022 година ќе биде олимписка, шест месеци по Летната олимпијада во Токио на програмата се зимските Игри што ќе се одржат во Пекинг и тоа во периодот од четврти до 20 февруари.

Кинеската престолнина ќе биде првата која имала чест да биде домаќин на најдобрите спортисти на Зимските и Летните олимписки игри.

Откако Пекинг во 2008 беше организатор на летните игри во февруари го организира и најголемото зимско натпреварување, а по Сапоро, Нагано и Пјонгчанг, далечниот исток по четврти пат во историјата ќе биде домаќин на Зимските игри.

Оваа година натпреварувачите од деведесетина земји ќе се борат за медали во 109 дисциплини во 15 спорта и за разлика од последните Игри во Јужна Кореа во програмата е надополнета со нови седум натпреварувања што е рекорд во историјата на олимпијадите.

Буџетот за организација на Игрите изнесува четири милијарди евра што е десет пати помалку од пред 14 години, но овој пат организаторот инвестираше помалку во изградбата на инфраструктурата бидејќи ќе се искористат голем број на објекти што се користеа во 2008-та.

Како и пред шест месеци натпреварувањето ќе се организира под строги мерки за превенција од ширењето на корона вирусот, но за разлика од Токио овој пат ќе биде дозволено присуство на гледачи, но само за државјаните на земјата домаќин.

24-тите Зимски олимписки игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари, а Македонија според последните информации ќе има натпреварувачи во алпските и нордиските дисциплини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ивановски и Поп Арсова победници на HalkEco Скопје Трча

Дејан Дејан

Победа против Литванија за пласман на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе