Вести Ковид19 Наука и здравје

Опасното долгорочно влијание на КОВИД-19

Една нова студија тврди дека открила директна врска помеѓу откажувањето на бубрезите и болеста на коронавирус. Ковид-19 директно ги инфицира бубрежните клетки и може да предизвика сериозно оштетување на виталните органи.

Спроведено е научно истражување кое докажува врска помеѓу тешка инфекција и откажување на органите.

Во извештајот објавен во научното списание Cell Stem Cell, група истражувачи сугерираат дека Коивд-19 може да предизвика сериозни компликации кои влијаат на бубрезите на пациентот.

„SARS CoV 2 директно ги инфицира бубрежните клетки и е поврзан со зголемена тубуларно-транзициска бубрежна фиброза кај примероците од обдукцијата на пациентите“, се наведува во извештајот.

Бубрежната фиброза е поврзана со формирање на ткиво со лузни во органот и на крајот може да доведе до откажување на бубрезите.

Со инфицирање на примерок од бубрег со вирусот, истражувачите рекоа дека Ковид-19 може „директно да ги зарази бубрежните клетки, а потоа да доведе до оштетување на клетките со фиброза“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе