Останато Спорт

Тројца каратисти на Макпетрол се закитија со признанија за најдобри спортисти на Скопје

Сојузот на спортови на Скопје и Градот Скопје денеска ги наградија најуспешните спортисти за 2021 година. Главниот град изминатава година имаше многу претставници на меѓународните борилишта, кои забележаа фантастични резултати.

Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио во таекводно, очекувано беше меѓу наградените, како и неговиот тренер Борче Костовски. Покрај Георгиевски признанија кај сениорите во машка и женска конкуренција добија и каратистите на Макпетрол, Петар и Симона Заборски, потоа борачот Могамедгаџи Нуров, кикбоксерите Викторија Варадинова и Бобан Илиoски, пливачот Филип Дерковски, како и атлетичарките Дрита Исљами и Адријана поп Арсова.

Во младинска категорија помеѓу десетте добитници доминираат каратистите. Стефан Стојановиќ од Макпетрол, потоа Столе Смилковски, Антонија Белазелкоска и Мила Младеновска. Со признанија се закитија и Мери Акиевска, Марија Спировска, Миа Тодоровска, тенисерите Калин Ивановски и Александар Симева и пливачката Миа Еминова Блажевска.

Најуспешен странски спортист е ракометарот на Вардар, Анте Гаџа, а признанија добија и пливачот Андреј Стојановски и планинарот Стоилко Стоицев во категоријата најуспешни спортисти со попреченост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе