Теса Ворли на велеслаломската трка во Линц, Австрија, го оствари премиерниот триумф сезонава. Французинката до победата дојде со вкупно време по двете трки од 2:03,88 минути. Зад неа финишираше Петра Влхова од Словачка со 30 стотинки послабо време, а трета беше Швеѓанката Сара Хектор.
Во велеслалом води Микаела Шифрин со 280 бодови, која денеска не настапи. Хектор е втора со 262 бода, додека Влхова е трета со 235. Во генералниот пласман Шифрин води со 750 бодови пред Софија Гоџа, која има 657 бодови.
Утре во Линц се вози слаломската трка.