Вработен во затворот „Црн мост“ во Битола почина од корона, а кај вкупно 16 од 20 тестирани затвореници тестот за ковид е позитивен.
Директорот на затворот во Битола, Драган Крајовски, во телефонска изјава за Телма вели дека се преземени сите потребни мерки и болните се во постојана комуникација со епидемиолог и матичните лекари.
Не знаеме кој ја донесе заразата во затворот, но најверојатно е од затворениците кои користат викенд отсуство и за жал нив не можеме да ги контролираме со кого имаат контакт. Вкупно 20 затвореници беа тестирани од нив 16 се позитивни. Сите се во стабилна состојба освен едно лице кое два пати во денот го транспортираме до битолската болница за примање терапија, изјави за Телма директорот Драган Крајовски.
Крајовски вели дека по констатирањето на позитивни случаи во затворот превземени се дополнителни превентивни мерки покрај веќе постојните кои се во согласност со препораките за заштита од Ковид-19.