Вести Македонија

Поништени се лажните пасоши на меѓународните криминалци издадени од управните служби на МВР

Не се откриени нови случаи со лажни пасоши во рамки на истрагата Двојник која продолжи и по апсењето на десет вработени во Управните служби на МВР.

Министерот Оливер Спасовски на новогодишниот брифинг со новинари на прашањето дали пасошите се поништени одговори потврдно.

-Сите такви пасоши се поништени. Истрагата продолжи, но не беа откриени други пасоши изработени на тој начин, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Истрагата Двојник разоткри мрежа на вработени во управните служби кои издавале пасоши на криминалци по кои се трага со меѓународни потерници. Вкупно 215 пасоши биле издадени така што во пасошите биле ставани имиња и податоци на македонски државјани од Мала Преспа, Албанија или од Бугарија, а всушност се ставале слики на странци од кои за повеќе десетици беше утврдено дека се со криминално досие.

Меѓу криминалците имаше и шверцери со дрога од Бразил, британски дилер, но и црногорски криминалци од тамошните криминални кланови.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ го случајот го нарече Мафија и прва проговори за истрагата која утредента веднаш беше реализирана со апсење на вработени во МВР. Иако опозицијата бараше одговорност од повисоки структури во МВР меѓу кои и за министерот Спасовски, истрагата беше затворена како случај со злоупотреба, а не како случај со организирана криминална група.

Одговараа само вработени во управните служби на МВР од кои дел признаа вина и добија казни до 2 и пол години затвор (најдолгата казна е 3 години за обвинет кој не призна вина) без да се реализира запленување на имот заработен од продажбата на фалц македонски пасоши.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе