Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на својот фејсбук профил објави дека на вечерашниот ЦО на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната Влада.
„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ, истакна Ковачевски.