Вести Македонија

Еден член од законот за МНР – нова тема за натегање меѓу власта и опозицијата

Една предлог измена и 180 амандмани ќе бидат новото бојно поле меѓу власта и опозицијата во собранието. Откако група пратеници од владечкотот мнозинство поднесе предлог-измени на член во Законот за надворешни работи кои треба да овможат испраќање на дипломат во нова дипломатска мисија и пред истекот на 24 месеци од неговата последна мисија, но само во случај ако Македонија претседава со меѓyнародна организација каде тој се упатува, опозицијата денеска поднесе 180 амандмани за интеревенирање во предлогот.

Добро упатени извори за Телма информираат дека измените се предложени во насока на преземањето на претседавањето со ОБСЕ од страна на земјава во 2023 година. Според нив целта е да се овоможи избор на најквалитетните дипломати со кои располага МНР за реализација на претседавањето со ОБСЕ, необременети од периодот на паузирање од 24 месеци од нивната последна мисија. Со изменатам, велат, би се овоможила поголем избор на кадри за пополнување на позициите кои ќе се отоврат со претседавањето со ОБСЕ.

„По исклучок од член 66 став 4, во случај кога Република Северна Македонија треба да претседава со меѓyнародна организација или да членува во органи и тела на меѓyнародна организација, дипломатот има право да се пријави на конкурс за упатување во дипломатско претставништво кое е акредитирано при меѓународната организација“, се наведува во однесената измена на Членот 66.

Сепак од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат со предлог-измената наведувајќи дека и досега се ипсрачале дипломати во мисии во меѓународни организации во кои сме биле претседавачи. Од таму се на став дека ваквата измена ќе го зголеми дискреционот право на министерот при избор на дипломати кои ќе бидат испраќани во меѓународни мисии.

Од таму наведуваат дека ако се прави специјална интервенција во Законот околу меѓународните организации, тие бараат тогаш и изборот на дипломатите кои ќе бидат упатувани таму да ги бира специјална комисијаод пет члена. Со еден од 180 поднесени амандамни тие го предлагаат и составот на комисијата.

“… Двајца претставници од редот на дипломатите во МНР, кои биле дипломати со високо звање во најмалку еден мандат во меѓународната организација за која се врши избор за упатување на дипломат“, се наведува во амандаманот.

Освен високо-рангирани дипломати, со амандамните се бара во комисијата да членуваат и претставници на двата синдикати во МНР, како и директорот на секторот за меѓународни организаци. Опозицијата меѓу другото бара со комисија да претседава членот – дипломат со највисоко звање во најмалку еден мандат во меѓународната организација во која се упатува дипломат.

Но освен ваквите амандмански интервенции, во архивата на Собранието стигнале и амндмани коис  еподбиваат со предлог измената, па така во еден од нив се бара диплоамтот кој треба да биде упатен „пожелно во идеолошка смисла срцето да му припаѓа во соодветната меѓународна организација“.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе