Вечерва се одржува Централен партиски одбор на СДСМ на кој треба да се изберат новите партиски потпретседатели, нов генерален секретар и нов состав на ИК на партијата.
Пред почетокот партискиот претседател Димитар Ковачевски по информациите за враќање на кадри во раководството на партијата по неколкугодишна политичка апстиненција рече дека членовите не ги дњли на стари и нови.
-Никогаш не ги делам кадрите на стари и нови, туку на оние што придонеле повеќе или помалку во развојот на партијата. Во медиумите се појавија голем број имиња што значат нешто во Социјалдемократскиот сојуз и кои во минатото извршувале високи партиски и државни функции. Да оставиме Централниот одбор да ги донесе одлуките, изјави Ковачевски кој рече дека ќе предложи состав на новиот ИК со рамноправна полова застапеност со 50 % жени, како и соодветна застапеност на младите.
Единствена непозната останува името на потпретседател на партијата од скопскиот огранок иако најизразит фаворит е Стефан Богоев.