Вести Македонија Најважни

Пописните резултати ќе стигнат во март

Три месеци не се доволни за обработка и објавување на резултатите од пописот спроведен во септември.

Од Државниот завод за статисика објаснуваат дека за тоа ќе им биде потребна барем половина година.

Симовски тврди дека во овој момент ниту тој не ги знае резултатите. Затоа не ги коментира шпекулациите за процентуалната застапеност на албанците и на другите заедници.

Најголемиот дел од населението е попишан. Статистика поднела претставки до МВР за неколку десетици граѓани кои одбиле соработка со попишувачите.

Тие, како и оние што и по неколку обиди не се пронајдени дома, сепак ќе бидат опфатени преку регистрите.

Но, 300 илјади иселеници имаат државјанство а не се самопопишале.

На пописот, спроведен по речиси 20 години, беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205 илјади што се самопопишаа од странство.

Анкетата се правеше непосредно, со внесување на податоците директно во компјутери и со можност за споредба со повеќе регистри.

Тоа е мост до наредниот попис, прогнозира Симовски, кога нема да има одење на попишувачите по домовите, туку сите податоци ќе се користат од електронските регистри.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе