Вести Македонија Најважни

Камбек на Ивановски и Петров во СДСМ, дебитанти-потпретседатели- како се пополни партиската структура на Бихаќка?

Камбек на Бихаќка за Игор Ивановски и Андреј Петров, дебитански високи партиски функции за Костадинов и Костадиновска, мистерија за министерската иднина на Спасовски, се уште неизвесно кој ќе биде скопскиот потпретседател на СДСМ. Владеачката партија утре ги пополнува функционерските редови по заминувањето на голем дел од тимот на Заев. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ни изјави дека се прави последната селекција и не сакаше да ги коментира сознанијата на Телма.

Во седиштето на Бихаќка, ќе има неколкумина со камбек,но и повеќе дебитанти на високата партиска сцена. Игор Ивановски, поранешниот партиски потпретседател и секретар на СДСМ, но и член на државниот претседателски кабинет на Бранко Црвенковски се враќа со партиска функција во СДСМ.

Според сознанијата на Телма, СДСМ во понеделник на централниот одбор на партијата ќе го промовира новиот Совет за креирање и имплементација на политики кој ќе го предводи Игор Ивановски.

Професор на економскиот факултет, припадник на скопското крило и партиски функционер од времето на Бучковски и Шекеринска, тоа е кратката биографија на овој повратник на партиската сцена од која замина со повлекување на кандитурата за претседател на СДСМ на конгресот на кој беше назначен Заев.

Но, од претходното доба на СДСМ, се враќа и лекарот и поранешен градоначалник на Карпош, Андреј Петров. Петров беше партиски секретар на СДСМ во времето на Црвенковски и се задржа на позицијата до доаѓањето на Заев. Тој треба да биде член на извршниот комитет.

Централниот партиски одбор ќе треба да ги избере сите партиски функционери. За генерален партиски секретар  веќе е извесен изборот на Миле Зечевиќ, а како заменик-претседател останува Сања Лукаревска, која е и директор на УЈП.

На потпретседателската позиција останува само вицепремиерот Фатмир Битиќи. Останатите тројца министри и потпретседатели заминуваат, Мила Царовска и Венко Филипче и од двете функции, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е најголемата мистерија. Заминува од потпретседател на СДСМ, најави и дека ќе го напушти и МВР- но конечната одлука за тоа се уште не е донесена, велат изворите на Телма.

За останатите потпретседателски места извесен е изборот на битолската пратеничка Бисера Костадиновска Стојчевска, која иако е активна на терен меѓу членството, пошироката јавност ја запомни по фотографијата во скафандер кога болна од Ковид 19 гласеше во Собранието за пакетот кризни корона мерки.

Потпретседател на партијата треба да стане и валандовскиот градоначалник Перо Костадинов, еден од ретките градоначалници на СДСМ кој се кандидираше и победи на последните локални избори.

Единственото нерасветлено е кој ќе биде потпретседател од Скопје. Има 4 кандидати а како најсериозен денеска се спомнува Стефан Богоев до скоро градоначалник на Карпош.

Во игра е и Нина Фити, но конечната одлука ќе биде претставена утре пред централниот одбор. На високи партиски позиции ќе бидат назначени и универзитетски професори чии имиња не се ги открива ниту претседателот на партијата Димитар Ковачевски со кого телефонски разговаравме.

Утре партијата ќе треба да го изгласа за нов мандатар, а Ковачевски ни рече дека се вршат последни подготовки за централниот одбор и се прави последната селекција на партиски функционери со кои денеска и се слушнал.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе