Вести Македонија

84 казни за погрешно паркирање во еден ден во Тетово

Рекордни 84 казни за погрешно паркирање во еден ден изрекла тетовската полиција.

Или за 4 дена вкупно 218, а со пајак службата биле подигнати 49 возила кои го попречувале сообраќајот.

Полициските службеници се обидуваат да воведат ред низ улиците во Тетово, но поради немањето доволно слободни паркинг места, возачите ги оставаат возилата каде ќе стигнат.

Од новата локална самоуправа велат дека во фаза на изработка е долгорочно решение за хаосот во сообраќајот.

За изградбата на катни гаражи, со што би се ублажил проблемот со паркирањето, градоначалникот Биљал Касами, вели дека треба повеќе време.

Податоците говорат дека 44 592 регистирани возила се само со тетовски регистерски ознаки,  но во градот сообраќаат и други возила.

Дополнително бројот на автомобили се зголемува со доаѓањето на печалбарите за празниците.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе