Вести Македонија

3,20 промили алкохол во крвта и седнал пред волан- предновогодишно загревање на несовесен возач

Возач кој имал 3,20 промили алкохол во крвта бил сопрен во полициските контроли минатата ноќ. МВР ја објави фотографијата од „подвигот“ на несовесниот возач и соопшти дека не бил единствен кој со испиен алкохол наместо да мирува седнал пред воланот за да вози автомобил.

Повторно најмногу алкохолизирани возачи се откриени во Скопје, а не се даваат ниту градовите Битола, Прилеп, Ресен кои се на територија на СВР Битола.

Пред две недели, возач во Македонија бил фатен со 4,14 промили алкохол во крвта, што е рекорд откако почнаа акциските контроли на сообраќајната полиција како синоќешната.

-Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 175 возачи. Од нив, 48 на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, по 17 на територија на СВР Охрид и СВР Струмица, 15 на територија на СВР Штип…, соопшти МВР.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе