Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, користејќи го писмото на Боки 13 испратено до медиумите, го обвини националниот кординатор за комуникациска стратегија на Владата, Маријан Забрчанец, дека содржината на вестите на 1ТВ биле пишувани и уредувани од Владата.
Ги отфрлам како целосно неточни, лажни и манипулативни наводите изнесени на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно управување или контролирање новинари или медиуми, вели националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец во реакцијата на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.
“Како одговорен за комуникации и односи со јавноста во Владата имам обврска да бидам во дневен контакт со новинари, медиумски работници, уредници и одговорни лица во медиумите. Тоа е суштината на професијата односи со јавноста“, наведува Забрчанец во реакцијата објавена на неговиот фејсбук-профил.
Тој потенцира дека со Бојан Јовановски комуницирал исклучиво службено и професионално.