Вести Македонија

Старее населението на истокот – освен градинки, секоја општина треба да има и домови за стари лица

Секоја општина на истокот освен што инвестира  во  градинки, треба да има и дом за стари лица.

Единасетте општини од Брегалничкиот регион  формираа Совет за социјална заштита, со зел заеднички да се изборат против белата чума.

Статистичките податоци кои се презентирани пред градоначалниците е дека изминатите десет години , бројот на старите лица во вкупната популација на источниот плански регион се зголемил за 33%.

Јован Манасиевски експерт во областа на социјалната заштита вели дека тоа значи секој петти граѓанин во овој регион има над 65 години.

Брегалничкиот и пелагонискиот регион се на врвот по неславната статистика. Токму на истокот засега има само еден Дом за стари лица и тоа во Берово, каде што листите за да се влезе во него се долги и потребно е негово проширување.

Кочани за наредната година ги чека средствата од 30 милиони денари за старт на ваков објект, а Штип го чека законот за легализација на дивоградби, за да продолжи изградбата на домот, во кој Здружението на пензионери инвестираше околу 600.000 евра.

Совети за социјални заштита треба да има во сите осум плански региони, тоа ќе значи и побрза децентрализација на овој сектор, но и поголем број на проекти, инвестиции за граѓаните.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе