Вести Македонија

Новиот лидер на СДСМ најави процес на промени во владеачката партија

Во СДСМ следува период на промени, а во тоа клучна е улогата на младите социјалдемократи, порача новиот претседател на партијата, Димитар Ковачевски на завршниот настан на Политичката академија за социјална демократија во организација на Прогрес институтот.

„СДСМ во периодот кој следи мора да се менува, а вие мора да бидете носители на таа промена. Има многу работа пред нас, за да ги промениме работите, но тоа почнува од промената на самите себе. Младината е можеби и најважниот дел од едно општество и должна е да ја обликува сегашноста, но и иднината во тоа општество. Младината не смее да седи на страна и чека, туку да преземе акција, да го дигне гласот и да се бори за својата иднина. Гласот на младите и нивните потреби е глас кој јас како лидер ќе го слушам“, порачал Ковачевски.

Инаку Централниот одбор на СДСМ е закажан за в понеделник кога треба да се избере ново раководство на партијата, заменик претседател на чие место јајверојатно останува Сања Лукаревска, потоа  четворица потпретседатели, како и генерален секретар за кој веќе е сигурно дека ќе биде Миле Зечевиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе