Вести Македонија

Протест на учениците во гимназијата “Ибрахим Темо” за нивниот другар кој со метален боксирач беше нападнат од професор

На протести пред Основниот суд во Струга денеска излегоа соучениците на срдношколецот од гимназијата „Ибрахим Темо“  кој вчера со метален боксирач беше нападнат од професорот по англиски јазик, по што со повреди на главата беше префрлен во струшката болница.

Тие го изразија својот револт и побараа да запре насилството, а професорот да биде казнет.

-Бараме казна, стоп за насилството, извикуваа учениците.

Инцидентот  се случи вчера пред почетокот на втората смена, околу 13 часот, во тоалетите на училиштето, кога професорот  со метален боксирач го удирал по главата ученикот од втора година во „Ибрахим Темо“.

Потоа тој се заклучил во неговиот кабинет за да го избегне бесот на другите ученици кои сакале да го нападнат, другарите пак го однесе  повредениот средношколец во Болницата во Струга, каде на Одделението за хирургија му била сошиена раната, по што бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата веќе поднесе кривична пријава за 57 годишниот професор од струшката гимназија „Ибрахим Темо“.

-ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С. 57 годишен жител од Струга поради потоење на основи на сомнение за сторено кривично дело насилство. Кривичната пријава денеска е предадена до Основното јавно обвинителство во Струга и е во нивна надлежност, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Инаку, директорката на средното општинско училиште „Ибрахим Темо“, вчера за Телма потврди дека ова не е прв инцидент на професорот по англиски. Настанот се случи откако дисплинската комисја донела одлука за негова суспензија од работното место, за  друг инцидент, а претходно професорот имал  и други конфликти  со учениците, но и со  неговите колеги, па полицијата често била повикувана да интервенира.

Но, директорката рече дека вчерашниот настан беше кулминација на повеќето инциденти што се случувале во минатото.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(живо) Стари возила горат во скопско Визбегово, нападнат снимател, повреден пожарникар

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе