Вести Ковид19 Македонија Најважни

Првиот случај на сојот Омикрон детектиран во Македонија, кај прележан и вакциниран пациент

Денеска е детектиран првиот случај на Омикрон варијантата на коронавирусот во Македонија. Како што информираат од Министерството за здравство секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев. Станува збор за маж кој во земјава допатувал од Велика Британија, а тој во јануари годинава ја имал прележано болеста, но тогаш бил асимптоматски. Пациентот бил вакциниран со две дози од вакцината Фајзер, а во средата по вторпат имал  позитивен тест на Ковид 19. По направените лабораториски анализи потврдено е дека се работи за сојот Омикрон. Здравствените власти информираат дека во моментот пациентот има лесна клиничка слика и затоа е во изолација во својот дом.

Во денешната ковид статистика на починатите лица од Ковид-19 регистрирани преку Мој Термин, пријавена е смрт на дете на една годишна возраст починато на 29 Ноември.

Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојувало во дом за деца без родители во Битола и кое повеќе пати претходно било хоспитализирано поради повеќе вродени хронични болсети.

Детето од средината на ноември било хоспитализирано во битолската клиничка болница, но  поради влошување на состојбата и по добиен позитивен тест на Ковид 19, е префрлено во болницата во Козле. Поради континуирано ниска кислородна сатурација од 64% лекарите одлучуваат детето да се препрати на детска клиника. Едногодишното дете било на механичка вентилација на интензивна нега од 24 до 29 ноември но за жал и покрај сите лекарски напори, тоа починало.

Ова не е прв случај на бебе кое починало како последица од коронавирусот. Почина и десетмесечно бебе кое во мај со специјален авион беше однесено во Швајцарија од Клиниката за детски болести.

11 починати лица се запишани во ковиод статистиката во текот на изминатото деноноќие, двајца од Велес, по еден од Скопје, Прилеп, Кичево и Радовиш, сите починале во болнички услови. Од Мој термин пријавени усте пет починати во периодот од 22 ноември до 20 декември. Регистрирани се 311 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) ЦУК: Гори близу депонијата Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Русија се нуди да го преземе збогатениот ураниум од Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе