Вести Македонија Најважни

ЕСМ ќе штеди преку принудни одмори и кратење на непроизводни трошоци

Дирекцијата и управниот одбор на Електрани на Северна Македонија поранешно ЕЛЕМ денеска ги чекаат раководителите на шесте подружници и четирите фирми ќерки да достават списоци на свои вработени кои би биле испратени на принуден одмор, откако компанијата пред десетина дена донела одлука за воведување на мерки за штедење. Освен принудни одмори ЕСМ најави дека ќе штеди и преку  намалување на исплати на некои додатоци на плата и дневници, како и рестрикции кај спонзорствата, репрезентации, службени патувања и набавка на возила кои не се поврзани и неопходни за производството.

„Во тек е постапка за утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70 отсто од платат“, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.

Од ЕСМ за Телма велат дека немаат утврдено колкава сума сакаат да заштедат или пак колку работници ќе бидат испратени на принуден одмор. Тоа, велат, ќе се утврдува во постапка која би требало да заврши во деновите околу Нова година.

Образложението од ЕСМ за мерките е дека тие се воведуваат за намалување на трошоците во услови на енергетска криза. Дополнително, ЕСМ минатата година ја заврши со загуба од 16, 8 милиони евра, а информациите се дека и билансот на компанијата за 2021 ќе биде длабоко во негатива.

Поранешниот прв човек на ЕСМ Горан Рафајловски и актуелен професот на ФЕИТ, за Телма ваквите мерки за санирање на состојбата во која се нашла на компанијата ги нарече ад-хок.

„Ова се само мерки ад-хок и можеби мерки во очај. И сите тие мерки и постапки кои ние ги правиме, како луѓе и како менаџери во очај, се многу лоши“, цели Рафајловски.

Освен светската енергетска криза, голем влијание врз тоа што ЕСМ нема доволно капацитети, резерви и алтернативни решенија и носи вакви мерки кои ќе имаат социјален ефект лоцира тој лоцира и во лошото раководење на компанијата.

„Според мене мислам дека главната причина е лош менаџментот во овој сектор во последните десетина – петснаесет години каде што луѓето кои што беа на високи раководни функции, дали од политички причини, дали од незнаење, не успеаа да го стабилизираат ЕЛЕМ и да го направат одржлив“, вели Рафајловски.

Според него ваквите мерки ќе доведат до некаква заштеда, но доколку се сака повеќе да се заштеди тогаш треба кратењето на трошоците да се прошири и на други институции и министерства, со што би се инјектирале доволно средства за увоз на електрична енергија.

„Да се обидат да најдат директни производители на електрична енергија коишто ќе им понудат и некоја пониска цена. И на тој начин да земат некој пакет којшто на слободниот пазар ќе биде помал од она што го имаме инцидентно на берзите или на оној, како што го нарекуваме ние, баланс маркет или ден-однапред маркет, каде што се цените многу скапи“, вели Рафајловски.

По оваа криза Рафајловски смета дека можеби е конечно време држават да размисли ваквите компании да ги изземе од колачот на задоволување на политичките интереси, туку нивното раководење да го препушти во експертски раце, кое би довело кон нивен равој и пазарно ориентирање.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

По половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Дејан Дејан

Пожарите кај Измир ставени под контрола, огнената стихија сѐ уште беснее во Хатај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе