Вести Економија Македонија Најважни

Електрани ќе праќаат вработени на принуден одмор, тврдат дека станува збор за штедење

-Во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно согласно Законот за работни односи,  со исплата на 70% од платата, објавија од Електрани на Северна Македонија.

Објаснувањето на ЕСМ е дека воведува мерки на штедење со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза. Мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.

Претходно, фотографија од повикот до раководители за правење списоци за принуден одмор беше објавена на повеќе медиуми, па ЕСМ издаде соопштение. Исто така Електрани објави дека се намалени и други трошоци.

-Намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно стопирани се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана, соопштија од ЕСМ.

ЕСМ е најголем снабдувач со струја на ЕВН Хоме која ги снабдува домаќинствата. Поради големата енергетска криза и намалено исполнување на потребите за електрична енергија, цената на струја од производство на ЕСМ беше покачена од 36,1 на 41 евро за мегават/час.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Ова не е „буцни прачка напиј се вино“ процес, Тошковски со народна поговорка за истрагите за чаирските дивоградби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе