Државата ја продава „Славија“ со целокупниот имот вреден дваесетина милиони евра на аукција закажана на крајот на овој месец на која почетната цена е само 218 илјади евра. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека се планира грабеж и криминал во режија на власта и предупредува дека само управната зграда на овој некогашен гигант која се наоѓа во скопската општина Гази Баба вреди 9 милиони евра.
Од Владата пак ги негираат обвинувањата и тврдат дека токму ВМРО-ДПМНЕ тајно продал над 70 отсто од имотот на „Славија“
Управната зграда, дваесетина објекти и земјиште со потенцијални маркички за изградба на стабнени објекти е причината поради која Славија се продава а Владата која е сопственик ја донела одлуката на 30 ноември. Продажбата треба да оди преку Агенцијата за управување со одземен имот.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека од Бирото за судски вештачења не е побарано да напарви проценка на имотот за да може потоа да се формира вредноста на акцијата.
Директорот на Агенцијата за запленет имот, Фатон Асани, тврди дека тие ги продаваат акциите а не имотот на Славија и дека вредноста на оваа фирма е далеку под 20 милиони евра затоа што голем дел веќе е оттуѓен.
Од 2010 година имотот на претпријатието е префрлен на Агенцијата за управување со одземен имот.
Огнен Чанчаревиќ