Александар Амод Килде ја продолжи победничката серија во Вал Гардена, Италија во Светскиот куп во алпско скијање.
Норвешкиот скијач славеше на трката во супер велеслалом со време од 1 минута, 25 секунди и 91 стотинка. За Килде ова е трета победа по ред во Вал Гардена, откако лани славеше и во супер велеслалом и во спуст.
Втор денеска финишираше Матијас Мајер од Австрија, додека трет беше неговиот сонародник Винсент Крихмајер.
Во пласманот во супер велеслалом води Мајер со 210 бодови, пред Килде кој има 10 помалку. Во генералниот поредок, прв е Марко Одермат со 453 бодови, пред Мајер со 390, Килде е трет со 329.