Нема пари за К-15 за јавниот сектор во буџетот за наредната година – потврди министерот за финансии Фатмир Бесими. Иако синдикалците на протестот во неделата побараа исплата на К-15 за цела администрација, Бесими во буџетот за наредната година не предвидел пари ниту за 25.000 вработени во јавниот сектор кои годинава добија регрес од 9.000 денари. Министерот не објасни дали се планира пари да се обезбедат со ребаланс на буџетот, ниту дали се прифатливи барањата на ССМ К-15 да добијат не само 25.000 туку сите околу 130.000 административци.
Значи за 2022 година нема планирано К-15, за 2021 е како што беше и со ребалансот кога се отвори ова прашање,предвидено е и се исплаќа. Значи за 2022 нема за 2021 тоа што епланирано со буџетот, дополнителни средства нема, но тоа што е предвидено со буџетот за 2021, за 2022 нема, рече Бесими.
Од синдикатот на УПОЗ се револтирани- велат не можат да ја разберат изјавата на министерот, бидејќи правото на регрес за 25.000 вработени во управата и правосудството е утврдено со колективен договор. Ако не ги добијат парите – се закануваат со тужби. Велат го поддржуваат барањето на ССМ регрес да добијат сите 130.000 административци исто како што добиваат вработените во приватниот сектор.
Регрес за годишен одмор за 25.000 вработени изнесува 4 милиони евра, исто колку што минатта година си дадоа од буџетот на државата на политичките партии.Ако не се исплати за 2020 и 2022 година со тужбите кои што ќе се поднесат од вработените владата ќе ја чини многу повеќе од 4 милиони евра, а сите трошоци од страна на поведените судски постапки ќе завршат во џебовите на адвокатите и извршителите, вели Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ
Од синдикатот на УПОЗ велатт дека колективниот договор важи до февруари идната година, а на новите преговори со Владата ќе бараати повеќе права и К-15 не од 9.000 туку од 11.500 денари колку што е во приватниот сектор. ССМ пак со протестот во неделата побара да се потпише општ колективек договор за јавниот сектор со кој ќе се утврди правото на регрес за сите околу 130.000 административци.
Александра Филиповска