Останато Спорт

Без вакцина 21 ден во изолација

На два месеци пред почетокот на Игрите во Пекинг, Интернационалниот олимписки комитет и организаторите на најголемото спортско натпреварување го објавија дополнувањето на протоколот за превенција од ширење на инфекцијата со корона вирусот.

Според протоколот спортисти и членови на делегациите кои не се вакцинирани по пристигнувањето во кинеската престолнина ќе мора да минат 21 ден во карантин а за непречен влез во Кина секој од учесниците ќе мора да ја прими втората доза најмалку 14 дена пред патувањето.

Во протоколите има посебни делови кои се однесуваат на спортистите, членовите на делегациите, новинарите и останатиот дел од помошниот персонал, а секој од нив ќе биде тестиран пред влегувањето од олимпиското село и пред настапот на борилиштето.

Сите учесници во текот на Игрите ќе бидат изолирани од надворешната средина и нема да имаат контакт со надворешни луѓе.

Во текот на натпреварувањата ќе важат посебни правила за сместување и транспорт. Олимписки Игри во Пекинг ќе се одржи во периодот од 4 до 20 февруари до следната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе