Економија Топ вести

13 отсто повисока цена на струја за ЕВН понуди ЕСМ, Регулаторна допрва ќе одлучува колку ќе плаќаат граѓаните

41 евро за мегават час струја е цената која што ја донесе Владата на затворената седница а  која денеска на тендерот, пети по ред, ЕСМ му ја понуди на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Државните електрани доставија понуда на двата тендери кои се однесуваат на периодот јануари – јуни 2022 година со што ќе ја покријат комплетната побарувачка на струја за домаќинствата и малите потрошувачи. На тендерите конкурираше само ЕСМ.

АД ЕСМ и на двата тендери (за 60% и 40% од вкупните планирани потреби) преку електронски аукции му понуди на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас. Добиената купопродажна цена е за 13,6 % повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот Јули-Декември 2021 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегаватчас, соопштуваат од ЕСМ.

Висината на тендерот засега не се открива, но според проценките на ЕСМ за покривање на потребите на ЕВН Хоум во текот на 2022 година ќе биде потребно да испорачаат 3.400 гигавт часови струја или 1.700 за првото полугодие, па затоа останува отворено прашањето дали државните елекрани ги имаат потребните капацитети.

А колку поскапа цена на струја ќе плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи допрва ќе се утврдува. Од Владата лицитираат со бројки и најавуваат дека нема да биде поголема од 10 отсто. Сепак Регулаторната комисија е таа што ќе пресече и ќе ја оформи цената на ЕВН Хоум за домаќинствата и малите потрошувачи.

Претседателот на регулаторната комисија, Марко Бислимовски, изјави дека допрва ќе се прават пресметките а при формирањето на цената ќе се обидат да ги намалат маржите и профитот на комапниите во корист на граѓаните.

Бислимовски соопшти дека барање за поскапување на струјата има доставено само од Електродистрибуција и очекува тоа да го страт и ЕВН Хоум и МЕПСО.

Од Регулаторна најавија дека повторно ќе бараат да се субвенционираат ранливите категории на потрошувачи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе