Вести Македонија

Партиските избори утре се важни и за државата, сметаат експертите

Внатре-партиските избори во СДСМ и Конгресот во ВМРО  ДПМНЕ не се партиски настани, туку од нив зависи и како државата ќе се позиционира во следниот период, укажуваат аналитичарите. Со оглед на тоа што ново-избраниот претседател на СДСМ ќе биде и мандатар на новата влада, а мнозинството е тенко и опозицијата се обидува да ја сврти ситуацијата во своја корист, резултатот утревечер ќе одреди и како ќе се справиме со економската, енергетската и егзистенцијалната криза, а можеби ќе има влијание и на почетокот на преговорите со ЕУ. Промени, велат, особено во владејачката партија, мора да има.

Во СДСМ има повеќе кандидати, а во ВМРО ДПМНЕ засега е само еден, но Кордалов потсетува дека, ова само по себе не е доказ за демократија или нејзино отсуство во партиските редови.

За него е најдобро да има постојана промена на генерации, на раководствата и на политиките кон граѓаните и целните групи. Фокусот, вели, мора да се тргне од строго партиското гледиште кон тоа, што партиите им нудат на граѓаните, дали ги решаваат новините проблеми и ја водат државата кон подобро.

Смета и дека, без разлика на исходот од овие партиски избори, следната година не` очекуваат интересни политички моменти. Работите, вели,  мора да се вратат во вистинскиот колосек, а тоа е, партиите да се плашат од граѓаните и нивните одлуки за тоа, кој ќе ја освои или задржи власта, а не обратно. Граѓаните се тие кои треба слободно да одлучуваат, кој владее, колку ќе владее и дали повторно ќе го добие мандатот или, пак, ќе биде даден на некој друг.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе