Останато Спорт

Спортистите на ЗОИ во Пекинг ќе патуваат со чартер летови

На неполни два месеци пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг, организаторите најавија посебен режим за патување на спортистите и делегациите кои треба да пристигнат во кинеската престолнина.

Поради строгите протоколи за влез во Кина, но и поради ширењето на омикрон варијантата на корона вирусот низ целиот свет Организацискиот комитет предложи сите спортисти и членови на делегациите на земјите учеснички во Пекинг да допатуваат со чартер летови кои ќе бидат организирани од повеќе дестинации во светот. Секој член на делегацијата претходно ќе биде тестиран и во следните денови пред патувањето ќе мора да мине во изолација и потоа со специјални летови ќе пристигне во Пекинг.

Се смета дека на тој начин ќе се спречи евентуалното ширење на вирусот и дека секој од учесниците ќе биде безбеден во текот на патувањето бидејќи искуствата од Токио покажуваат дека најголем број од инфекциите на спортистите се случија за време на патувањето кон Јапонија.

Според последните информации дури 17 кинески авиокомпании се подготвени да ги превезат спортистите од повеќе дестинации кои дополнително ќе бидат одредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Вардар и Црвена Звезда играа за Кочани, полни трибини на хуманитарниот натпревар

Дејан Дејан

ФОТО: Легендите на Вардар и Црвена Звезда беа дел од хуманитарниот натпревар на Градски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе