Традиционално и оваа годинава на свечена церемонија беа врачени признанијата за најуспешните во Атлетскиот спорт за ова 2021 година.
За најдобра во женска конкуренција беше прогласена атлетичарката на Работнички, Дрита Ислами која оваа година успеа да го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки додека кај мажите признанието му припадна на Дарио Ивановски од АК Делта, кој е балкански шампион во дисциплината на 3000 метри во сала и освојувач на вкупно пет медали на меѓународна сцена, во година во која има 10 национални рекорди.
НАЈДОБРИ ВО 2021 ГОДИНА
Најдобри во категорија СЕНИОРИ-КИ :
Дрита Ислами клуб : Работнички
Дарио Ивановски клуб : Делта
Најдобри во категорија МЛАДИНЦИ-КИ :
Михаела Лазаровска клуб : Центар
Адриан Исмаили клуб : Камјани
Најдобри во категорија МЛАДИ МЛАДИНЦИ-КИ :
Ана Божиновска клуб : Центар
Владимир Сол Б.Битољану клуб : Работнички
Најдобри во категорија ПИОНЕРИ-КИ :
Снежана Туневска клуб : Работнички
Брајан Авија клуб : 7ми Мај
Најдобри во категорија МЛАДИ ПИОНЕРИ :
Јумна Фетаху клуб : 7ми Мај
Марко Атанасовски клуб : Работнички
Најуспешен атлетски клуб за 2021 година : Атлетски клуб „ Делта „ – Скопје
Признание за особен придонес во Атлетскиот спорт за 2021 година кои ги доделува Европската Атлетика :
– Рахман Алија – АК „ Лириа „ – Скопје ( тренер )
– Марија Стојановска – АК „ Делта „ – Скопје ( тренер )
– Александра Војнеска Зикова ( за придонес во развој на Федерацијата )
– Ана Крстевска ( Жена лидер на Европа )