Спорт Фудбал

Елмас го одведе Наполи во елиминациската рунда од ЛЕ

Наполи во решавачкиот дуел за пласман во следната фаза од Лига Европа успеа да го совлада Лестер со 3:2, а двоен стрелец на домаќинот беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Наполи на крајот го освои второто место во Ц групата и покрај фактот што има идентичен број на бодови со московски Спартак, но решавачки за првата позиција беа двете победи во меѓусебните дуели на составот од руската престолнина.

Настапот во второто по ранг европско клупско натпреварување го продолжи и загрепски Динамо на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Динамо забележа победа на гостувањето во Лондон совладувајќи го Вест Хем со 1:0. Хрватскиот првак во елиминациската фаза од  Лига Европа влегува како освојувач на втората позиција во Х конкуренцијата.

По последното коло во Лига Европа, натпреварувањето како првопласирани го продолжуваат Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт Франкфурт, Галатасарај, Црвена Звезда, Баер Леверкузен, Вест Хем.

Вторите позиции во групите ги освоија Ренџерс, Реал Сосиедад, Наполи, Олимпијакос, Лацио, Брага, Бетис и Динамо Загреб и тие во осминафиналето ќе се соочат со третопласираните тимови од Лигата на шампионите.

Освојувачите на третата позиција во секоја група настапот го продолжуваат во Конференциската лига, а во првото елиминациско коло ќе партиципираат Спарта Прага, ПСВ Ајндховен, Лестер, Фенербахче, Марсеј, Митјиланд, Селтик и Рапид Виена.

 

ЛИГА ЕВРОПА – 6. КОЛО

А ГРУПА

ЛИОН – РЕНЏЕРС                                             1:1

СПАРТА ПРАГА- БРОНДБИ                          2:0

 

Б ГРУПА

Р. СОСИЕДАД – ПСВ АЈНДХОВЕН              3:0

ШТУРМ – МОНАКО                                         1:1

 

Ц ГРУПА

ЛЕГИЈА – СПАРТАК М.                                    0:1

НАПОЛИ – ЛЕСТЕР                                           3:2

 

Д ГРУПА

ФЕНЕРБАХЧЕ – АЈНТРАХТ Ф.                        1:1

АНТВЕРПЕН – ОЛИМПИЈАКОС                   1:0

 

Е ГРУПА

ЛАЦИО – ГАЛАТАСАРАЈ                                0:0

МАРСЕЈ – ЛОКОМОТИВ М                           1:0

 

Ф ГРУПА

БРАГА – Ц. ЗВЕЗДА                                          1:1

ЛУДОГОРЕЦ – МИТЈИЛАНД                        0:0

 

Г ГРУПА

СЕЛТИК – БЕТИС                                               3:2

ФЕРЕНЦВАРОШ – БАЕР Л.                            1:0

 

Х ГРУПА

ГЕНК – РАПИД                                                   0:1

ВЕСТ ХЕМ – ДИНАМО З                                 0:1

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе