Нема да има значително зголемување на цената на електричната енергија, смирува министерот за финансии, Фатмир Бесими. Не сакаше да калкулира со бројки и проценти, но тврди дека, препорачаната цена на електричната енергија која утре ЕСМ ќе ја достави како понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, нема да биде висока . Оттаму, и нема да предизвика поголемо зголемување на цената за домаќинствата и малите потрошувачи.
Министерот за економија, пак, најави дека цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми најмногу до 10 отсто. Неизвесно е и дали ќе остане дневната евтина тарифа за граѓаните.
Во однос на предлогот да се замрзне и маржата, откако се замрзнаа дел од цените, Бесими рече дека мерките ќе се дизајнираат во зависност од потребите што ќе се појават.На замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи препорача да се гледа како на времена мерка.
Во однос на инфлацијата, владата не очекува од втората половина на следната година да продолжи трендот на раст на цените на глобалниот и на домашниот пазар.На светско ниво, се очекува инфлацијата да се стабилизира во втората половина на годината, а проекциите на владата се, инфлацијата за наредна година да биде 2,4 проценти, а од 2023 година да биде стабилизирана на два проценти.
Далиборка Дамјанска Цветановска