Ракомет Спорт

Продолжува серијата порази на Вардар

Ракометарите на Вардар и во седмиот последователен настап во Лигата на шампионите доживеаа пораз. Овој пат “црвено-црните” беа совладани со 23:22 од првакот на Хрватска, Загреб.

Составот на Веселин Вујовиќ пропушти шанса конечно да ја прекине очајната низа, но во финишот од натпреварот беа направени премногу грешки кои противникот ги казни и на крајот стигна до победа.

Вардар лошо го отвори натпреварот, а противникот во десеттата минута водеше со 5:2. Во следните пет минути двојниот европски првак конечно ги консолидираше редовите и со серија од 6:1 поведе со 8:6.

Македонскиот шампион до крајот на првиот дел имаше контрола врз играта и резултатот, ја одржуваше предноста од два гола, но повторно следуваше пад во играта и за жал на одмор се замина со 14:12 за домаќинот.

Вардар во продолжението од натпреварот не само што успеа да ја надополни негативата туку и на десет минути пред крајот поведе со 21:18. И кога се очекуваше мирно приведување кон крајот на мечот и освојување на два бода, следуваше очајно издание кое го користат ракометарите на Загреб за победа од 23:22.

Најефикасни во редовите на Вардар со по четири погодоци беа Тото и Дибиров додека прв стрелец на натпреварот беше Чупиќ со пет гола.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе